Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува опцијата да ја предложи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за позицијата претседател на Германија во 2027 година, објави денес весникот „Шпигел“, повикувајќи се на неименувани владини извори.
Мерц неодамна изјави дека смета оти би било добро жена наскоро да биде на претседателската позиција , но дека списокот на кандидати е „многу краток“.
Во 2024 година, Урсула фон дер Лајен беше избрана за претседател на Европската комисија по втор пат, а нејзиниот петгодишен мандат треба да заврши во 2029 година.
Германскиот весник наведува дека Урсула фон дер Лајен веќе се докажала како политичарка , истакнувајќи дека била првата жена што ја извршувала функцијата министер за одбрана на Германија и првата жена претседател на Европската комисија, а дека круната на нејзината кариера ќе биде да стане прв претседател на Германија.
Шпигел додава дека со номинирањето на Урсула фон дер Лајен, Мерц би го спречил и „најлошото сценарио“ за него, имено номинирањето на поранешната канцеларка Ангела Меркел за функцијата претседател.