ТАГА ВО АНГЛИЈА! Почина легендарниот фудбалер: “Тој одбележа дел од историјата на нашиот клуб…“

Легендарниот капитен на Шефилд ВенсдејДон Мегсон, почина на 86-годишна возраст, соопшти клубот.

Легендарниот ас е роден во 1936 година, а во Шефилд (клубот во кој ги помина најубавите денови во кариерата) играше десет години, почнувајќи од 1959 година.

Многу тажна вест. Семејството не замоли да објавиме дека Дон Мегсон не напушти на 86-годишна возраст. Икона и капитен на Шефилд Венсдеј во финалето на ФА Купот од1966 година. Неговиот син Гери вели дека починал мирно. Беше одличен фудбалер и играч, инспирација, лидер и продорен лев бек, еден од најдобрите играчи во земјата со одлична кариера во Шефилд“, објави познатиот англиски новинар Алан Бигс.

Мегсон дури 442 пати го носеше дресот на Шефилд, па затоа остана запишан со златни букви во историјата на клубот.

Дон Мегсонсмртфудбал