Тажна вест го потресе фудбалскиот свет: Почина легендарниот Франц Бекенбауер

Тажна вест го погоди светот на фудбалот, Франц Бекенбауер почина на 78-годишна возраст.

Со длабока тага соопштуваме дека нашиот татко и сопруг Франц Бекенбауер починаа мирно во сон вчера, недела, опкружен со своето семејство. Ве молиме да тагувате во тишина и да се воздржите од какви било прашања во овој момент“, пренесува семејството на легендарниот фудбалер.

Германија се збогува со својот најголем фудбалер. Како играч, Франц Бекенбауер беше светски шампион во 1974 година и како тренер во 1990 година. Креатор на летната бајка во 2006 година, а шампион и победник на Европскиот куп со ФК Баерн.

смртФранц Бекенбауерфудбал