Три деца на возраст од 8, 10 и 16 години загинаа во пожар во село во руската област Нижегород, а нивните родители се во болница со изгореници, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.
Рано утрово е добиена пријава за пожар во приватна станбена зграда во селото Нечаево, пренесува РИА Новости.
Според првичните информации, причина за пожарот е неисправност на електричните инсталации или на печката.
Поведена е кривична постапка по член од Кривичниот законик на Руската Федерација кој се однесува на предизвикување смрт од небрежност.