На 80-годишна возраст почина познатата српска актерка Љиљана Седлар. Публиката најмногу ќе ја памети по улогата на Дуда Павловиќ во популарната југословенска серија „Подобар живот“.
Љиљана Седлар е родена на 1. ноември 1943 година во Белград, а во својата кариера, која траеше неколку децении, одигра многу високо фалени улоги.
Седлар прв пат се појави на големото платно во 1968 година во филмот „Под стаклено ѕвоно“, а исто така одигра значајни улоги во филмовите „Жикина династија“, „Отпишаните“, „Развод за одредено време“ и многу други култни југословенски филмови и серии.
Последниот филм во кој таа глумеше е „Враќање“ од 1998 година.
Покрај филмот, Седлар била многу активен и во театарот и била долгогодишен член, а своевремено и директорка на драмскиот театар во Белград.