Миле Талески од СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги измамила македонските гласачи дека спикерот ќе биде од нивните редови и дека ќе го менува Договорот од Преспа.
„Суштината е како помина конститутивната седница, безвреден нестартер и на прв поглед изборен фалсификат направен од ВМРО-ДПМНЕ врз граѓаните. Откако им порачаа на граѓаните дека носителите на високи функции, меѓу кои и претседателот на Собранието, ќе бидат од македонска националност. Ги излажаа дека ќе го сменат договорот од Преспа, па вечерва пред целата македонска публика, ВМРО-ДПМНЕ, мора да се каже дека не само што ова е нова реалност, туку и Република Северна Македонија ќе биде претставена генерално институционална на службеници. Ова е лицемерие“, изјави за „ТВ24“ пратеникот на СДСМ, Миле Талески.
За заклетвата на новиот спикер, Африм Гаши, Талески истакна дека не може да се дозволи да се прекрши Уставот.
„Ние од СДСМ реагиравме и нашиот потпретседател излезе со конкретна жалба дека е прекршен државниот устав, бидејќи службен јазик во Република Македонија е македонскиот јазик. Значи, заклетвата на сите избрани функционери, без разлика од која политичка партија доаѓаат и дали се од една или друга националност, имаат обврска да ја читаат заклетвата на македонски јазик. Ова не се случи“, рече Талески.