Таравари: Али Ахмети ја прели чашата, време е да си даде оставка

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска побара оставка на Али Ахмети од политичкиот живот.

Таравари на својот фејсбук профил пишува дека кариерата на неговиот Ахмети во политиката е се додека е мрачна и не треба да се дозволи неговите очајни обиди да избега од правдата да имаат никакво влијание врз пошироката јавност затоа што се опасни и срамни за албанската нација која воопшто не заслужува да се поистоветува со таков лик!

„Доколку функционираше политичкиот морал на Ахмети, тогаш тој требаше да поднесе оставка бидејќи врвот на неговата партија заврши во бегство и во моментов е меѓународно баран, но преголем луксуз е да се бара политичка совест од Ахмети.

Во отсуство на морална и принципиелна чувствителност, бараме Али Ахмети да поднесе безусловна оставка како обврска што ја има кон Албанците и народот на оваа земја за неговите дела и несреќи.

Еве ги главните аргументи кои ја прават оваа оставка итна:

1. Злоупотреба на власта што доведува до нечесно богатење на него и на членовите на неговото семејство;

2. Со децении држење на народот во заложништво со формулата „кај нас – вработен си, против нас – уништен“ или прогонет;

3. Водач на политичка групација кој во моментов е обвинет за тешки корупциски злосторства;

4. Близок соработник со повеќе лица кои се меѓународно барани;

5. Драматична штета на животот на луѓето, особено на Албанците…“, пишува Таравари.

Таравари додава дека ни самата ДУИ не заслужува повеќе да ја претставува таков човек кој има долгогодишни партитури со правдата и вечен проблем со Историјата