Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, за првпат откри што му кажал албанскиот премиер, Еди Рама, пред оваа коалиција да влезе во владата со Христијан Мицкоски.
Таравари рече дека во мај минатата година, Еди Рама сигурно знаел што ќе се случи во коалиција со Мицкоски.
„Кажувам нешто, верувам дека г-динот Еди Рама не ме сфаќа сериозно. Веднаш по 8 мај имав средба со Рама во Тирана. И тој ме праша: „Дали се приклучувате кон Владата? Кои позиции ги имате?“ Реков претседател на Парламентот. „Супер“, рече тој. Ме праша колку министри, реков „шест министри“. Многу добро. Само една порака. Мицкоски ќе ве искористи, ќе ве експлоатира и ќе ве фрли како партал. И го паметам ова. Рече „ќе излезете многу лошо, затоа што сте четири партии“. Проблем за функционирање. Го кажа тоа од самиот почеток, рече дека ќе бидете потрошени, злоупотребени и на крајот ќе останете како партал. И навистина, останавме такви. Почнаа да не нè прашуваат и да нè игнорираат и навистина изгледавме многу лошо“, рече Таравари на TëVë1.