По две недели ќе биде објавена новата позитивна листа на лекови кои не се ажурирани 15 години, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој рече дека во наредниот период приоритет е ажурирање на позитивната листа на лекови и како иновација е спроведувањето на национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитетот и достапноста на фармацевтските производи.
„Ќе имаме и нов закон за лекови со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во земјава, но ќе бараме и рационална употреба и препишување на лекови за да има лекови насекаде, но и да внимаваме да нема злоупотреба. на лекови“, изјави денеска министерот за здравство.
Таравари најави и дека тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники е веќе објавен од службата за општа и заедничка работа на клиниките.
„Во наредниот период особено внимание посветуваме на регионализацијата на здравствените услуги и мотивацијата и стимулацијата на лекарите од клиниките да работат во болниците во другите градови. Планираме и стратегија во соработка со Медицинскиот факултет да ги стимулираме лекарите да се регистрираат на дефицитарни специјализации, како педијатрија, анестезиологија, радиологија и други кадри со недостатоци“, рече министерот Таравари.