148 лица се хоспитализирани по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија околу 60 лица по избувнувањето на пожар.
Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека 18 од нив се во критична состојба.
„Досега во болниците во Македонија под грижа се 148 пациенти. Во хируршките клиники има 31, во Детска хирургија 4, во „КАРИЛ“ 16. Во Градска хирургија има 27 пациенти, во „8 Септември“ 17 пациенти. Во Штип има 39 пациенти и во Кочани 30 пациенти. Некои пациенти се во критична состојба, околу 18 пациенти“, изјави меѓу другото Таравари.
Инаку, во раните утрински часови на 16 март, по големиот пожар во дискотека во Кочани, загинаа најмалку 59 лица а стотици луѓе беа повредени и хоспитализирани во Скопје, Штип и Кочани.