Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари вечерва во „Претседателската дебата“ на ТВ21 порача дека имаат џентлменски договор.
Според него, ВРЕДИ и ДУИ не влегуваат во Влада која нема да направи уставни промени.
„Сигурно г. Ахмети ви кажал, ние имаме џентлменски договор, „Вреди„ и ДУИ дека не влегуваме во Влада која не прави уставни промени, џентлменски договор“, рече Таравари во дебатата со противкандидатот од ДУИ.