Таравари: Локалните избори се крај на политичката кариера на Али Ахмети

Министерот за здравство и истовремено претседател на партијата Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во подкастот на „Бизнис муабети“ изјави дека лидерот на ДУИ Али Ахмети побрзо од предвиденото ќе се повлече од политиката.

„Дека ова е крај на политичката кариера на Ахмети, сигурен сум во тоа. Локалните избори ќе бидат печатот. Кога и да се одржат, тогаш тоа ќе биде оставка на Ахмети, ако тоа не се случи порано“, рече Таравари.

Овој коментар дојде како одговор на прашањето дали очекува лидерот на ДУИ да заврши на американската „црна листа“, за што рече дека воопшто нема да биде изненаден, но тоа е работа на Вашингтон.

Таравари нагласи дека досега четворица функционери на ДУИ се на „црната листа“, додека ниту еден од „интегристите“ не е казнет.