Таравари: Мицкоски ќе ги прифати уставните измени како што ги прифати Коридорот 8 и Договорот од Преспа

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека премиерот Христијан Мицкоски ќе ги прифати уставните измени, како и претходно со Коридорот 8 и Договорот од Преспа, иако имаше резерви и беше против нив, сепак ги прифати.

„Дали беше против Коридорот? Денес Коридорот 8 се работи со повеќе енергија од кога било досега? Да ви кажам, Договорот од Преспа имаше и приговори, но денеска е прифатен. Третата работа што треба да ја направи Мицкоски, се надевам дека ќе ја направи.

Мило ми е што е 100 отсто убеден и сигурен дека секако мора да го следиме патот кон ЕУ. Сега имаше избори во САД, имајте на ум дека тој има блиски пријатели кои се блиски со претседателот Трамп. Но и во Бугарија до пред една недела немаше Влада, затоа што за да напредуваат овие работи треба да имаш со кого да преговараш од другата страна. Така што, многу сум среќен и убеден дека Мицкоски сака и е сигурен дека треба да почнеме преговори, но бара и некои гаранции“, изјави Таравари во „Дејли клик“.

Таравари вели дека договорот меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ има четири точки, првата и најважна е за евроинтеграциските процеси.