Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари повторно проговори за локалните избори. Тој рече дека неговото партиско раководство разгледува две опции: да оди на избори како дел од ВЛЕН или сам.
„Утре имаме состанок на централното раководство и ќе одлучиме како ќе постапиме. Имаме две опции, едната е да продолжиме со ВЛЕН, а другата е да излеземе сами. Имаме неколку општини каде што мислиме дека самите би имале добар резултат, така што изборот е меѓу овие две опции. Трета опција нема. Крајот одлучуваат граѓаните Немаме разговори со ДУИ“, рече меѓу другото Таравари.
Тој беше прашан и за изјавите на Билал Касами, кој нагласи дека „оној што ќе се одвои од ВЛЕН ќе го изеде волкот“, додека Таравари рече дека не сака да коментира.
„Мислам дека Касами е брз кога дава изјави, но тоа е негова работа. Утре го имаме централното раководство на АA и ќе одлучиме како ќе продолжиме“, рече Таравари.