Кандидатот за претседател од коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари, јавно побара од противкандидатот Бујар Османи јавно да го потпише ветингот за политичари, судии и обвинители, пишува Телеграфи Македонија.
„Јавно прашувам зошто до сега не го направија тоа. Тие би можеле да го прават тоа 20 години, 10 години или седум години. Неколку пати го поканував Бујар Осман, да потпишеме ветинг и за политичари, судии и обвинители“, рече Таравари одговарајќи на новинарско прашање.
Тарвари рече дека Бујар Османи и ДУИ 10 години ветуваат ветинг и не го прават, зошто сега бараат мандат да го направат тоа.
„Го прашав Бујар Османи кога зборува за ветингот, особено на политичарите, нека ги покаже списоците, бидејќи граѓаните ги гледаат списоците за пратеници на ДУИ“, нагласи Таравари.
Таравари рече дека ВЛЕН во идната влада ќе го направи ветингот