По прес-конференцијата на коалицијата ВЛЕН, на која изјавија дека Арбен Таравари и АA се самоисклучиле од оваа коалиција и дека служат за враќање на ДУИ, реагираше Арбен Таравари.
Тој вели дека нема да стане плен на провокациите на оние кои сакаат политички спектакл, но ќе остане благодарен на секоја партија со која соработувале.
Целосна реакција:
„За жал, знаев дека и овој момент ќе биде вклучен во долгата серија што започна. Предлагам сите
да се фокусираат на заедничката мисија, која е благосостојбата на општеството. Тоа не значи дека тргнуваме по различни патишта и наеднаш се претвораме во непожелни. Заморната
политика на обвинување и озборување е стара и повеќе не држи вода. Hема да станам плен на провокациите на оние кои сакаат политички спектакл“, напиша Таравари.