Министерот за здравство, кој е и претседател на Алијансата за Албанците, поднесе оставка од функцијата министер за здравство.
Со ова писмо, ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство на Република Северна Македонија.
Задачата што ја презедов на оваа функција ја извршив со целосна посветеност, транспарентност и чувство на одговорност кон граѓаните и државата.
Ја донесов оваа одлука по внимателна лична и професионална проценка, верувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес на институцијата и на моите лични принципи.
„Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во исклучително важен период за здравствениот систем“, се вели во писмото со оставка на Таравари до премиерот Христијан Мицкоски.
Таравари во писмото вели дека останува отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш воден од јавниот интерес.