– Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, му посака добредојде на новиот амбасадор на ОБСЕ во нашата земја, Килиан Вал.
-На амбасадорот му посакав успех во исполнувањето на неговите приоритети во текот на мандатот што го започна, и во име на Алијанса за Албанците му се заблагодарив за досегашната одлична соработка со канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, која одигра важна улога во земјата во клучни области како што се владеењето на правото, демократизацијата и човековите права, нагласил тарави, соопшти прес-слуѓбата на АА.
Со амбасадорот Вал, како одличен познавач на регионот, стои во соопштението, на средбата се разговараше за политичките случувања во земјата и во Западен Балкан, согласувајќи се дека треба да се зголемат напорите за да се гарантира политичка стабилност и забрзани реформи во рамките на евроинтеграциските процеси, како единствена алтернатива на земјата и регионот.
-Претседателот Таравари изрази подготвеност за продлабочување на успешната соработка со мисијата на ОБСЕ, особено сега кога Северна Македонија раководи со оваа организација, чија улога е повеќе од релевантна во промовирањето на безбедноста и демократијата во оваа деликатна фаза за европскиот континент, информираат од Алијансата за Албанците.