Таравари се сомнева во гласовите на Централното собрание на Села: Не знам од каде 108 гласа

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, оценува дека гласовите во Централното собрание на АA на чело со Зиадин Села се изманипулирани, а не на вистински членови на партиското Собрание. Ваквиот коментар го дал на вчерашната средба со симпатизерите во Гостивар.

„Тешко дека ќе има 108 кога нема пратеници, ниту еден од Tетово, ниту еден од Гостивар, половина од пратениците од Скопје, ниту тројца од Кичево, ниту двајца од Струга и ако ги соберете заедно, тие се 75. Сега не знам како излезе нивниот број, но имињата на свикачите на партијата останаа на веб-страницата. За среќа, случајно ги снимивме и кога има судски процес најчесто ги покажуваме. Но, мислам дека оваа тема треба да се затвори. Од денес нашите патишта се одвоени. Тие што мислат дека треба да и се помогне на ДУИ нека продолжат“, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Таравари го повтори ставот дека партијата не ја прават ниту печатите, ниту канцелариите. Тој изрази уверување дека партијата донела правилна одлука, а други, како што рече, се качиле во погрешен автобус. Во АА, рече Таравари, ќе има место за членовите на АА кои моментално се со спротивната партија. Во случај да не победи на изборите, Таравари најави оставка.

„Побарав да ме поддржат на пар избори, да ме поддржат и да ја видат мојата визија. Ако не победиме на 8 мај, таа вечер ќе си поднесам неотповиклива оставка и повторно ова важи, како што сме, дека народот, 90% од поддржувачите, симпатизерите на Алијансата за Албанците се тука. Погледнете го позитивниот дух и енергијата што постои кај луѓето“, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Првиот човек на АА рече дека ќе седне на маса со партиите од Европската лига за промени за да се направи програмата и да се конкретизира соработката во наредниот период.