Министерот за здравство, Арбен Таравари, информираше дека јавната набавка на инсулин е завршена, потпишан е договор и лекот за регулирање на шеќерот во крвта е доставен до аптеките и болниците.
Тој рече дека јавната набавка е за следните две години, што го пофали како начин за избегнување на недостиг на инсулин.
„И Министерството за здравство и Националната комисија за дијабетес одлучија набавката на инсулин да се врши на секои две години, што ми се допаѓа. Многу е порационално, за да нема недостиг, се купува секоја година, а потоа, во моментот на купувањето, понекогаш има недостиг од два, три дена или до 10 дена. Ќе се набавува на секои две години, така што јавната набавка е веќе завршена, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, што е ист речиси 10-15 години. Ова е рационализација и мислам дека е подобро за сите граѓани, особено за оние со дијабетес“, рече Таравари од Тетово.
Во врска со случајот со смртта на пациентот на Универзитетската клиника за кардиохирургија, Таравари рече дека сè уште го чека извештајот од стручниот надзорен одбор.
Министерот го посети Медицинскиот факултет во Тетово за да ги тестира лекарите кои се специјализирале во приватни болници и аплицирале за вработување во јавните здравствени установи.