Тарантино немилосрден: „Алек Болдвин ја сноси вината за убиството“

Режисерот Квентин Тарантино рече дека иако актерот Алек Болдвин не е единствениот одговорен за смртта на Халина Хачинс, тој сноси дел од вината.

Според Тарантино, Болдвин сноси десет проценти од вината, додека преостанатите 90 ѝ припаѓаат на Хана Гутиерез-Рид, која беше задолжена за оружјето на сетот, пишува Дејли Мејл.

„Мислам дека сум доволно фер да кажам дека , тој што ракува со пиштолот, е 90 отсто одговорен за сè што се случува кога ќе стигне до тој пиштол, но актерот е 10 отсто одговорен. Вие сте до одреден степен партнер во одговорноста“, рече тој. Тарантино кој верува дека актерот мора самиот да го прегледа своето оружје за да се увери дека нема куршуми или други проблеми пред да го употреби во сцената.

Како што знаеме, минатиот месец судот го отфрли случајот за убиство од небрежност против Болдвин, откако беше откриено дека обвинителите ставиле клучни докази во несоодветно досие за да ги сокријат од адвокатскиот тим на Болдвин.

Гутиерез-Рид, од друга страна, е осуден на 18 месеци и моментално отслужува казна во притворот за возрасни во округот Санта Фе.