Вишото јавно обвинителство во Заечар и’ нареди на полицијата во Књажевац да го приведе Алекса Милојевиќ (22) до 48 часа.
Алекса Милојевиќ е уапсен за тројното убиство во семејната куќа – дедо Миќа Милојевиќ (81), бабата Сара (83) и таткото Предраг (60). Тој го призна делото, велејќи дека го направил од сочувство.
Како што дознава српскиот портал Курир, крвопролевањето се случило денеска околу 15 часот и 50 минути. Телото на таткото било пронајдено во ходникот, каде било пронајдено многу крв. Ги убил бабата и дедото во дневната соба, додека гледале телевизија.
Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата тешко болни, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Алекса Милојевиќ утре ќе биде сослушан.