Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференцијата кажа дека пет лица се осомничени за убиство на 14-годишно девојче во Скопје и на 74-годишниот маж во околината на Велес.
Тројца осомничени се приведени, а по едно лице кое е надвор од државата се трага. Оливер Спасовски посочува дека мотивот зад убиството на девојчето е личен интерес и дека таткото е поврзан со киднапирањето на малолетничката.
„Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство, синоќа го расветли случајот за двојното убиство“, истакна министерот Оливер Спасовски.
„Преземените мерки не доведоа до сторителот на овој грозоморен чин, осомничени се пет лица, три се приведени, едно е надвор од државата, а таткото на девојчето е приведен и сослушан“, откри Оливер Спасовски.
На прашање од новинарите, Оливер Спасовски откри грозоморни детали за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска:
„Утврдено е според признанието и исказите дека двете од лицата коишто биле со возилото ‘Citroen‘, а по претходно добиена информација која што ја имале вечерта – дека девојчето ќе биде само, во влезот од зградата го земаат и е ставено практично со врзани раце и нозе и во една вреќа за спиење и го изнесуваат и го ставаат во гепек. Пред возилото ‘Citroen‘ се наоѓало ‘Reno‘, и е однесено на локација надвор од Скопје. Според сведоците таму е извршено убиството и потоа запалено возилото“, откри Оливер Спасовски.