Македонија е обвиена во црно. По седум дена јавноста во Македонија ја доби најмрачната информација за исчезнатата Вања Ѓорчевска – 14-годишното девојче е пронајдено мртво – вест која ја шокираше не само Македонија, туку и регионот.
Во рамки на истрагата, претходната вечер (недела) во полициска станица бил повикан Александар Ѓорчевски, таткото на киднапираната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. Според информациите, тој не е приведен, а рочиштето се уште е во тек.
Претходно беше потврдено од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР), дека таткото во понеделникот (27. ноември) околу 11 часот по втор пат го пријавил девојчето за исчезнато, откако мајката тоа го сторила рано утрината откако девојчето не пристигнало на училиште.
Монструмите ја киднапирале пред нејзината куќа, а до нејзиното било пронајдено уште едно тело. Како што информираат од Обвинителството и МВР, во девојчето било пукано околу 10,00 часот, односно два и пол часа по киднапирањето и еден час пред да го пријави нејзиниот татко исчезнувањето, кого мајката на Вања Ѓорчевска го известила дека девојчето не е на училиште и не се јавува на телефон.
Потврдата за смртта на Вања Ѓорчевска речиси и да не даде одговор на прашањата, туку само мистеријата стана поголема. Денес (понеделник) за во 09:30 часот е закажана прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на која се очекува македонската јавност да добие одговор на сите овие прашања. За повеќе официјални информации во текот на денот.