Многу ни е жал и не можеме да излеземе пред вас и бараме да не разберете, рекол неутешниот татко
БОР – Милош Илиќ, таткото на монструозно убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ, по чие тело се трага, изјави дека тој и мајката на Данка, Иван, се во ужасно тешка психичка состојба.
- За нас е многу лошо и не можеме да излеземе пред вас и бараме да не разберете – рекол Милош зад затворената врата од станот, каде што „љубовта живеела“.
Нивните соседи сведочат дека таму живеело младо семејство со деца.
- Нас не нè интересира приказната и ни пречи медиумскиот интерес за нас во овој момент додека чекаме да го најдат телото на нашето мало ангелче кое го убиле чудовишта – рекол Милош.
Тој и неговата сопруга не можат да се концентрираат на ништо друго освен на потрагата. Тие се благодарни што медиумите се вклучени во истрагата за да се пронајдат посмртните останки на девојчето. Од друга страна, тие се навредени од изразувањето сомнеж на поединци кон мајката и кон нив како семејство, дека тие се виновни за исчезнувањето на Данка, пријавено пред 13 дена.
– Кога ќе биде пронајдено телото на нашата Данка и кога ќе заврши истрагата, чиј товар е огромен, ќе ве контактираме и ќе ви кажеме се што имаме – рекол Милош.