Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар денеска како сведок во случајот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) бил сослушан Душан Јанковиќ, таткото на осомничениот Срѓан Јанковиќ (50), дознава српски курир.
– Во обвинителството денеска продолжи сослушувањето на сведоците во истрагата за убиството на Данка Илиќ , а еден од нив е и таткото на осомничениот. Тој го искористил законското право да не сведочи во постапката против неговиот син и Дејан Драгијевиќ – вели изворот.
Јанковиќ, како и мајката на Драгијевиќ, Светлана, е привилегиран сведок и може да одбие да сведочи во постапката против близок роднина, односно неговиот син.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ , да потсетиме, се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 20 дена, а по сослушувањето на сите сведоци ќе бидат испратени за психијатриски преглед.
На 26 март, кога во Бањско поле исчезна двегодишно девојче Данка, дежурале работниците на Борскиот ПУК „Водовод“.
Според признанието на Драгијевиќ дадено во обвинителството, девојчето го удриле со службено возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија на Старобањска, од каде два дена подоцна Дејан заедно со неговиот татко (73) и сега починат брат (40), ја преселил на друга, засега непозната локација.