Таткото на осомничениот за убиството на малата Данка доаѓа на погребот на својата сопруга: „Светлана утре ќе биде погребана до синот“

Во Институтот за судска медицина во Ниш заврши обдукцијата на телото на Светлана Драгијевиќ , по што погребот требало да се изврши утре на локалните гробишта во Злот, дознава српски Курир.

– Утре ќе биде погребана до нејзиниот син Далибор, а погребот ќе започне во 13 часот и 30 минути – изјавил сосед.

Како што пренесуваат српските медиуми, адвокатите на семејството Драгијевиќ испратиле писмо до Вишиот суд во Зајечар за да одобрат присуство на погребот.

– Ме известија дека судот одобрил мојот клиент Радослав да присуствува на погребот на неговата сопруга, кој ќе се одржи утре – изјавил за Курир адвокатот Милинко Јовановиќ, додавајќи дека не знае дали истото му било одобрено и на Дејан, чиј адвокат исто така доставил писмо.

Светлана, да потсетиме, починала вчера додека престојувала кај соседите.

– Наеднаш и се слоши и почина. Светлана живее сама од 4 април, откако полицијата го уапси нејзиниот син Дејан Драгијевиќ (50), под сомнение дека ја убил Данка Илиќ . Два дена подоцна полицијата го уапси нејзиниот сопруг Радослав, како и нејзиниот помал син Далибор – вели изворот и потсетува дека Далибор Драгијевиќ починал во притвор.