Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференција откри грозоморни детали за настанот кој ја потресе и обви во црно Македонија.
Според информациите од прес-конференцијата, во киднапирањето на Вања Ѓорчевска учествувал таткото на 14-годишната девојка, а убиецот е Љупчо Палевски – Палчо – добро познат контраверзен лик на македонската јавност.
Како што се дознава, таткото сè уште дава изјава во полиција, но одлучно ги негирал сите наводи, иако е осомничен врз основа на сведочењето на еден од осомничените.
Вања Ѓорчевска била киднапирана пред влезот од нејзиниот дом, монструозно и биле врзани рацете и нозете, по што била турната во вреќа за спиење и ставена во гепек.
„Двете лица кои го возеле автомобилот ‘Citroen‘ добиле информација ден пред да се случи дека девојката во тој момент ќе биде сама. Осомничените се во притвор и сега ги истражуваме нивните врски со таткото. Само посредни докази укажуваат дека таткото кажал кога таа ќе излезе од дома, па имал некаква комуникација со нив”, објасни Гаврил Бубевски.
Возилото марка „Citroen“ му припаѓало на убиениот велешанец – 74-годишниот Панче Жежеовски, а за првпат е фатено на камера во Скопје.
После тоа девојката ја однеле во периферијата на Скопје односно Скопска Црна Гора, каде во паника била убиена. Несреќното девојче било киднапирано откако нејзината мајка го продала станот.
Да потсетиме, Обвинителството потврди дека таткото на киднапираната и убиената Вања Ѓорчевска е приведен. Засега тој не е приведен, а рочиштето се уште е во тек.
За потсетување, таткото е второто лице кое ја пријавило сега убиената Вања Ѓорчевска како исчезната.