„Смртната казна за нив не е доволна, треба да бидат затворени до крајот на животот. Тие се чудовишта, тоа што го доживуваме цело време е неописливо. Само родител може да го разбере тоа“, изјави за „Телеграф“ Милош Илиќ, таткото на убиената двегодишна Данка.
Тој заедно со сопругата Ивана дојде во Вишото јавно обвинителство во Зајечар да даде исказ. Несреќниот татко и мајка беа во солзи.
-Полицијата ни дојде неколку пати, ѝ ги одзеде работите на Данка, ништо не знаеме, ни за крвта на патот, ни во автомобилот, ни ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, туку го направиле тоа. Тоа што јас и Ивана го трпиме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе… Кога се ќе заврши, ќе излеземе на медиумите и ќе кажеме се – изјави за „Телеграф.рс“ Милош Илиќ, таткото на убиената Данка.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор, се осомничени за убиството, какво што не се памети во Србија. Според информациите, тие присуствувале на сведочењето на мајката и таткото на девојчето во обвинителството.