Александар Ѓорчевски, татко на малолетната Вања Ѓорчевска која беше грабната и убиена, а е еден од обвинетите, уште кога дознал дека Вања ја нема, од првиот момент тврдел дека Вања е киднапирана.
– Вања е киднапирана, нема што друго да биде, повторувал таткото.
Ова е дел од сведочењето на Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче.
Таа на почетокот на сведочењето кажа дека освен таткото, другите обвинети не ги знае.
На прашања на овцинителката кажа детално што случило дента кога Вања исчезна.
Во станот на улица Наум Наумовски Борче од каде Вања беше киднапирана, живееле од месец септември 2023 година. Тој стан кај што живеела со родителите пред да се омажи, прво бил во нејзина сопственост, а потоа му го префрлила во 2018 година на Александар.
Се договориле по еден стан да префрлат на по едно од двете деца, што значи дека Александар имал почнато постапка за да го префрли станот на една од ќерките.
Тој го средил тоа со Град Скопје, но ретерирал и ја одолговлекувал нотарската заверка.
Кога се договарале за нотарската заверка, Александар не можел, мајката направила два обиди и престанала да инсистира.
Претходно во станот живеел кираџија, а киријата ја зема Александар.
Освен овој стан таа имала уште три стана во Капиштец, во Аеродром, и мал стан во Охрид, наследен од родителите.
На 27 ноември во 7.20 часот Вања заминала на училиште, а класната за брзо ја алармирала мајката дека Вања ја нема.
Зорица не му кажала на нејзиниот сопруг дека помалата ќерка нема втор час, тука тоа му го кажала Миња, сестрата на Вања.
Вечерта пак во неделата таткото и испратил порака на Вања топло да се облече и од таа порака тој и пратил принт скрин и на мајката.
Таткото ги идеализирал своите ќерки, но некогаш знаел да биде избувлив и за тоа тие му замеруваат.
Еден период од јануари, Вања живеела со него откако се скарале со мајка и, но набргу по неколку месеци и се јавила на мајка и со плачење да ја земе.
Но, потоа почнале да комуницираат. Мајката во 2022 година продала стан на улица Бојмија за 83 илјади евра, а од нив и останале 30 илјади евра.
Додека биле во брак Александар не работел откако се родило второто девојче и мајката сама ги издржувала.
Откако се развеле тој почнал да работи и давал пари за децата, но во март 2023 останал без работа и не давал веќе пари.
За време на потрагата тој постојано гледал снимки со свој пријател и комуницирал со други инспектори.
Адвокатот на таткото иако имаше за ова рочиште најавено вкрстени испитување, се откажа од тоа.