Девојчето Мукадеса Ерва Акташ, по кое се трагаше 25 дена по разорниот земјотрес во Турција, беше погребано на гробиштата за деца без родители.
Преживеале само Абдула Акташ и неговата втора ќерка. Починати се нејзината мајка, сестра, тетка и’ и братучетка и’.
Откако го погледнал видеото, нејзиниот татко видел дека неговата ќерка е однесена во брза помош и е извлечена од урнатините. Веднаш било известено осигурувањето и почнале да ја бараат, пишува CNN Turk.
Се испоставило дека 10-годишното девојче, по кое семејството трагало со денови, починало во болницата каде што претходно била пренесена.