ТАТКО МОНСТРУМ се обидел да удави 2 ДЕЦА: Ги донел на плажа среде ноќ, полицаецот слушнал врисоци, малите биле пронајдени на 100 метри од брегот

Полуден татко од Конектикат е уапсен откако се обидел да ги удави своите две деца на плажа!

Полицаец од Вест Хевен во патрола слушнал врисоци околу 2:30 часот по полноќ во саботата, а потоа видел возрасен маж како дави две деца во вода. Тој веднаш им пришол, но мажот му рекол да се тргне од патот, по што полицаецот повикал засилување.

Веднаш пристигнале уште неколку полицајци со чамци и ги затекнале децата на 100 метри од брегот. Децата се итно пренесени во болница и се во критична состојба. Локалните медиуми јавуваат дека двете деца се помлади од три години.

Тројца полицајци се здобиле со полесни повреди при апсењето.

Таткото на малото дете, Ромни Десронвил, кој има 41 година, беше обвинет по две точки за обид за убиство и две точки за ризик од повреда.