Маж (43 г.) по потекло од Романија е осуден на седум години затвор поради сексуално злоставување на својата ќерка, која го пријавила својот татко по неколкугодишно мачење.
Нејзиниот татко ја малтретирал од седумгодишна возраст, односно кога таа тргнала на училиште, но вешто го криел тоа под изговор дека тоа е „нивната тајна“.
Злоставувањето траело до нејзината 13-та година, а татко најпрвин ја допирал само по интимните делови, а после една година ја силувал два-три пати месечно.
Девојката, која сега е полнолетна, тогаш се уверила дека татко и не прави ништо лошо, па го испочитувала нивниот „договор“ и ништо не им кажала на мајка и.
Според извештаите на тамошните медиуми, семејството пристигнало во Италија од Романија во 2004 година и живеело многу лошо.
Таа го пријавила насилството, кое започнало во нејзиното детство, на убедување на нејзиниот вереник, кој ја советувал прво да и се довери на нејзината мајка.
Меѓутоа, откако мајката не успеала да ја разбере сериозноста на ситуацијата, момчето веднаш ја поврзало со социјални работници и психолог кој ја следел до 18 години.
Обвинителството има основани сомнежи дека и нејзината сестра можеби била жртва на сексуално насилство, пренесуваат медиумите.