Татко-убиец од Велика Британија ја избодел својата ќерка со аутизам и ја задавил сопругата откако таа му кажала дека сака да го остави. Питер Неш (47 г.), кој избрал да се брани на суд, негира дека ги убил 43-годишната Џил Неш и нивната ќерка Луиз (12 г.), пишува The Sun.
Човекот е обвинет за убиство во нивниот дом во областа Heath Estate во септември минатата година.
Дејвид Џоси, тужителот, вели дека на почетокот на 2022 година, Џил започнала врска со колегата на работа, Марк Лими, и планирала да го напушти сопругот.
„Обвинетиот и г-ѓа Неш имаа тежок и несреќен брак“, кажал обвинителот за време на сослушувањето во судот.
Тие се венчале во 2009 година, а стресот и напнатоста во таа врска несомнено се надополниле со тоа што Питер Неш ја загубил работата поради технолошки вишок во 2020 година.
Обвинителите тврдат дека човекот ги убил сопругата и ќерката или доцна на 7. септември или рано утрото на 8 .септември. Ја удави Џил и ја убил ќерка си Луиз со еден убод во стомакот.
Полицијата го посетила нивниот дом на 8. септември откако Џил не дошла на работа, а Луиз не заминала на училиште.
„Кога полицијата упаднала во домот, мирисот на гас ги спречило да одат понатаму од безбедносни причини, па повикана била пожарна“, се вели во извештајот на полицијата.
Мајката била пронајдена мртва во дневната соба, додека Луиз била пронајдена на креветот покриена со чаршаф. Обвинителот кажал дека жената се „задушила со помош на маица ставена во устата“. Човекот-убиец подоцна бил прегледан од психијатриски тим и им рекол дека е лут на сопругата затоа што ја видел на фотографија со друг маж.
Човекот-убиец потоа ги убил сопругата и ќерката и се обидел да се самоубие, пишува споменатиот весник.