На хиподром трагично загина братот на актерот Никола Којо, Владимир Којо (59), а денеска беше погребан на Новите гробишта во Белград.
Семејството и пријателите пристигнаа на гробиштата за да го кажат последното збогум, а синот на Владимир се прости од него со емотивни зборови.
– Тато, ќе ми недостасува секое заедничко утро, твоите повици и времето поминато на трките… Ти благодарам за сè што ме научи. Твојот син – стои во некрологот.
Да потсетиме, трагедијата, според неофицијални информации, се случила во четвртокот кога го удрил коњ. Се дознава дека коњот го фрлил јавачот, а Којо истрчал да го запре животното. Во тој момент коњот го удрил и му нанел сериозни повреди на кои им подлегнал во болница.