Тајани: Италија сè уште не е подготвена да ја признае државата Палестина, но не можеме да толерираме крвопролевање и глад

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Антонио Тајани во петокот изјави дека Италија сè уште не е подготвена да ја признае државата Палестина откако францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Париз ќе го стори тоа, објави Анса.

„Италија е за решение на два народа и две држави, но признавањето на новата палестинска држава мора да се случи истовремено со признавањето на државата Израел“, рече Тајани на состанокот на националниот совет на неговата партија Форца Италија (FI).

„Нè интересира мир, а не победа на едната страна над другата. Ние сме земјата што прими најголем број бегалци од Газа“, рече тој.

Министерот, исто така, ја повтори осудата на Италија за нападите на Израел врз Газа и ограничувањата за влез на помош во енклавата, и повторно повика на прекин на огнот во војната против Хамас.

„Повеќе не можеме да толерираме колење и глад. Дојде време за итен прекин на огнот“, рече Тајани.