– Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека од синоќа до утринава околу Тајванскиот Теснец биле откриени 103 кинески борбени авиони.
Се додава дека 40 од 103 авиони ја преминале воздушната и морската линија што треба да ги ограничи областите на влијание на двете страни во Тајванскиот Теснец и летале во област што Тајван ја прогласи за „зона за идентификација на воздушната одбрана“.
Во соопштението се наведува дека од синоќа до утринава десет борбени авиони ја преминале „средната линија“ во Тајванскиот Теснец.
Според извештаите, ова е најголем број летови некогаш забележани во 24 часа во таа област.
Кина, која го смета Тајван за своја „отцепена провинција“, не ја признава средната линија или „зоната за идентификација на воздушната одбрана“. Тајпеј, сепак, инсистира на својата независност од 1949 година.