Тајланд ги укина визите за граѓаните на Албанија

– Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани соопшти дека Тајланд ги укинал визите за албанските граѓани, со што тие може да патуваат без визи во 99 земји.

„Албанските граѓани можат да патуваат без визи во 99 земји, благодарение на континуираните разговори и потпишувањето договори со неколку земји, а сега и со Тајланд. Ова е важен чекор за зајакнување на албанскиот пасош и промоција на имиџот на Албанија на меѓународната сцена“, напиша тој во објава на Фејсбук.

Тој порача дека Министерството за Европа и надворешни работи ќе продолжи да работи на зајакнување на албанскиот пасош насекаде во светот.