На водачот на Хамас и на неговите колеги, наводно, им било кажано дека нивниот опстанок е можен доколку ги ослободат израелските заложници и се согласат веднаш да започнат судски процеси за воени злосторства. Израелците сакаат смртна казна за воените лидери на Хамас кои ги охрабрувале и не направиле ништо за да ги спречат воените злосторства на нивните борци.
„Политичкото раководство на Хамас не беше вмешано во масакрот“, цитираат странските медиуми неименуван американски функционер.
Со други зборови, во тие тајни преговори би било „помилувано“ политичкото крило на Хамас.
Според овие тајни преговори, израелските власти сакаат смртна казна за водачите на вооруженото крило на движењето кои ги охрабрувале борците, а потоа не направиле ништо за да ги спречат воените злосторства на нивните борци.
Во тајните преговори за ослободување на заложниците директно е вклучен и лидерот на движењето Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, а според информациите тој бил отворен за договор.
„Концептот за трибунал за воени злосторства што ги започна Израел во екот на бомбардирањето што го израмни со земја поголемиот дел од Појасот Газа можеби изгледа како лош роман, но израелски експерт за регионот, кој ја знае сериозноста на тековните разговори за заложници, ме изненади со прикажување на Јахја Синвар како некој кој би можел да биде отворен за договор“, напиша американскиот новинар Сејмор Херш.
Според неименуваниот извор на новинарот, Јахја Синвар и другите во политичкото раководство на Хамас, сега со седиште во Катар, можеби ќе сакаат секој договор за заложниците да вклучува гаранции дека Израел нема да ги гони доколку се постигне договор.
Се истакнува дека борците на Хамас во подземните тунели во Појасот Газа наскоро ќе се соочат со недостиг на храна, вода и свеж воздух, бидејќи останува многу малку гориво за да работат генераторите на кислород.
„Повеќе од двесте милји тунели неизбежно ќе станат стапица на смртта, што ќе го отежне животот под земја како горе“, тврди американскиот новинар.
Хамас мора да почне да ги ослободува заложниците, велат американските неименувани високи функционери.