Љубителите на боксот беа маѓепсани од вештината, талентот, знаењето и силата на неверојатниот Јапонец.
Долго време владее голема манија и лудило во боксерскиот свет за неверојатниот Јапонец Наоја Инуе.
Моќниот удирач од Јапонија ја покажа својата феноменална комбинација на талент, вештина, брзина, памет и сила и тоа против непоразениот шампион Стивен Фултон.
Колку беше доминантен јапонскиот боксер говори податокот дека доминираше седум рунди пред конечно да го фрли на подот светскиот шампион во бантам категорија во верзиите ВБЦ и ВБО.
Пред борбата, многумина се сомневаа во јапонскиот борец. Некои мислеа дека е премногу извикан и дека нема шанси против шампионот, кој е физички поголем и веќе е докажан како еден од 10-те најдобри боксери во светот, а притоа нема забележано пораз во својата кариера.
Но, тие многу згрешиле. Во рингот, Инуе направи Фултон да изгледа сосема обичен, во најмала рака.
Јапонецот знае да боксува, знае да го скрати рингот, побрз и поагилен е од кој било противник, а има удари како борци во тешка категорија.
Фултон тоа добро го почувствува од почетокот на борбата, особено во осмата рунда, која беше решавачка за него. Беше погоден со лево кроше директно во лицето, тоа го затресе, а потоа десното кроше целосно го патосираше.
Инуе сега има 25:0 во кариерата, од кои 22 со нокаут. Со овие појаси стана шампион во петтата тежинска категорија во која се бореше во кариерата.
Нема сомнеж дека светот доби нова голема ѕвезда.