Платформата Х, порано позната како Твитер, имаше необичен проблем во четвртокот рано наутро.
Платформата X, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, беше во прекин околу еден час рано наутро во четвртокот.
Во мобилните апликации, временската линија не можеше да се освежи, додека на веб пораката „Добре дојдовте во X! Ова е најдоброто место за да видите што се случува во вашиот свет. Најдете луѓе и теми што треба да ги следите сега“.
Глобалните детектори за интернет сообраќај, вклучително и DownDetector.com, пријавуваат значителен пад на активноста и извештаите за проблеми за X од корисниците.
Во овој момент повторно е можен пристап до временската линија на X платформата, но причината за проблемот се уште не е позната.
Сопственикот на платформата X, Илон Маск, кој е многу активен на оваа социјална мрежа, се уште не се изјаснил за проблемите со кои се соочил Х утрово.