Кинескиот бизнисмен Ванг Нинг, творец на играчката Лабубу, се најде на 85-то место на листата на 100 најбогати луѓе на планетата, објави денес Блумберг.
Се прецизира дека имотот на бизнисменот изнесува приближно 26,5 милијарди долари.
Во текот на годината, богатството на извршниот директор на „Поп Март“ се зголеми за речиси 19 милијарди долари, надминувајќи ги основачот на „Дел“, Мајкл Дел, основачот на „Амазон“, Џеф Безос и еден од најголемите инвеститори во светот, Ворен Бафет, според „Блумберг“.
„Блумберг“ на 15 август објави дека профитот на кинеската компанија „Поп Март“, која продава играчки „Лабубу“, се зголемил за 4,5 пати.
Растот е резултат на големата популарност на производот во странство. Се забележува дека профитот на компанијата е зголемен за најмалку 350 проценти, а приходите за 200 проценти.