Во рускиот регион Белгород, напредува изградбата на т.н „Засечени линии“, т.е. линијата Голема Абатис, на одбранбениот систем на фотификација составен од т.н. „Змејски заби“, кои Русите почнаа да ги градат минатата година на границата со Украина, објави гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Го завршивме тоа. Се надевам дека непријателот ќе го види обемот и квалитетот на градбата“, посочи Гладков, а објави рускиот независен портал Medusa. Тој додаде дека проектот чинел 10 милијарди рубљи (околу 125 милиони евра), кои не се потрошени од регионалниот буџет.
Гладков за прв пат во ноември минатата година објави дека се гради „безбедносна линија“ во пограничните области на регионот. Во декември објави и фотографии од градбата, но сè уште нема објавено фотографии од завршната фаза.
Во јануари во јавноста стигна информација дека при изградбата на „змејските заби“, една од локалните населби била „отсечена“ од останатиот дел од регионот на Белгород. Гладков изјави дека оперативната ситуација не дозволува да се повлече линија директно на границата со Украина и посочи дека – „присуството на одредени населби или фарми пред или зад линијата не значи дека некој некого напуштил“.
На крајот на минатата година, на прашањето на руските новинари дали може да се очекува непосреден напад на Украина врз регионот на Белгород, Гладков одговори дека не сака дополнително да ја драматизира ситуацијата, но дека дефинитивно треба да биде подготвен за различни сценарија.
Белгородската област е честа мета на украински ракетни и други напади а досега имаше и неколку жртви.
Патем, „Засечената линија“ беше систем на историски утврдувања и одбранбени структури на јужните и источните граници на руските територии во XVI и XVII век. Одбранбената линија Белгород првично служела за заштита на Русите од напади и грабежи од Крим, а била изградена по наредба на Големото Војводство Москва, подоцна Руската империја, за време на Руско-Кримските војни. Во еден историски период, одбранбената линија на Белгород била долга повеќе од 800 километри.