– Италијанско – германскиот тренер Доменико Тедеско е главен кандидат да го наследи Шпанецот Роберто Мартинез на селекторската клупа на Белгија, јавија денеска локалните медиуми.
Според истите извори, работна група на Фудбалската федерација на Белгија изминатиот период составила листа потенцијални кандидати за нов селектор, меѓу кои главен фаворит е 37-годишниот Тедеско.
Во кариерата Тедеско ги предводеше Ауе, Шалке и московски Спартак, а без ангажман е од минатиот септември кога доби отказ на клупата на Лајпциг.
Белгија остана без селектор откако Мартинез поднесе оставка по неуспехот на Мундијалот во Катар, а претходно овој месец беше назначен за нов селектор на Португалија.