ТЕЖИНАТА ВИ СЕ ЗГОЛЕМУВА А СУВА ВИ Е И КОЖАТА? Проверете да не ви недостасува витамин Ц, ова се седум знаци дека имате недостаток

ВИТАМИН Ц е еден од најпознатите и најпроучени витамини, чија важност е добро позната на сите.

Но, и покрај тоа, многумина страдаат од недостаток на овој хранлив елемент, бидејќи истражувањата покажуваат дека речиси половина од населението во светот не јаде секој ден овошје и зеленчук, кои се главен извор на витамин Ц.

Поради неговите недостатоци, може да се појават бројни здравствени нарушувања. Тие вклучуваат промени на кожата, зголемена чувствителност на крвните садови, замор, нервоза, болки во мускулите и зглобовите, сува кожа, чести настинки…

За да се избегне ова, доволно е да се јаде урамнотежена исхрана. На возрасните жени (кои не се бремени и не дојат) им требаат 75 милиграми витамин Ц дневно, на мажите 90 милиграми. Потребните количини може да се добијат со конзумирање на само 1/2 шолја сирова црвена пиперка или 3/4 шолја сок од портокал, додека 1/2 чаша сварена брокула задоволува половина од дневните потреби.

На луѓето со лоша исхрана, бубрежни заболувања, оние на дијализа, алкохоличари и пушачи им требаат дополнителни 35 милиграми витамин Ц дневно.

Ова се најчестите заболувања предизвикани од недостаток на витамин Ц:

Бавно зараснување на раните

Кога сте повредени, нивото на витамин Ц во крвта и ткивото паѓа. На телото му е потребен за да создаде колаген, протеин кој игра улога во секоја фаза од заздравувањето на кожата. А витаминот Ц помага да се одржуваат добро функционирање на неутрофилите, еден вид бели крвни зрнца кои се борат против инфекции.

Крварење од непцата

Витаминот Ц ги одржува здрави крвните садови и помага во згрутчување на крвта. Колагенот е неопходен и за здрави заби и непца. Една студија покажа дека луѓето со заболување на непцата кои јаделе грејпфрут две недели забележале дека нивните непца не крварат толку многу.

Зголемување на телесната тежина

Раните истражувања открија врска помеѓу ниските нивоа на витамин Ц и повисоките телесни масти, особено салото на стомакот. Овој витамин исто така може да игра улога во тоа колку добро телото согорува масти за енергија.

Сува кожа

Луѓето кои имаат здрава исхрана богата со витамин Ц имаат помазна и помека кожа. Една од можните причини е тоа што витаминот Ц е антиоксиданс, кој помага да се заштити кожата од слободните радикали. Тие ги разградуваат маслата, протеините, па дури и ДНК.

Раздразливост

Во една многу мала студија, шест од седум мажи кои имале ниски нивоа на витамин Ц рекле дека се чувствуваат уморни и раздразливи. Друго истражување на 141 канцелариски работник покажа дека витаминот Ц го намалува нивното чувство на замор во рок од два часа.

Слаб имунитет

Бидејќи витаминот Ц има неколку улоги поврзани со имунолошкиот систем, не треба да чуди што неговиот недостаток води до почести болести и потешко закрепнување од болеста. Постојат докази дека витаминот Ц може да ве заштити од болести како што се пневмонија и инфекции на мочниот меур.

Губење на видот

Ако имате макуларна дегенерација (AMD), која обично се јавува кај старите луѓе, таа може да се влоши побрзо поради недостаток на витамин Ц и други антиоксиданси и одредени минерали. Добивањето доволно витамин Ц од храната може да помогне во спречување на катаракта, но потребни се повеќе истражувања за научниците подобро да ја разберат врската.