ТЕЖИ ЕДЕН КИЛОГРАМ:Златниот Huawei Mate XT Ultimate на Caviar чини повеќе од 100.000 долари (Фото)

Компанијата Caviar позната по луксузните уреди, во септември го најави модифицираниот смартфон Huawei Mate XT Ultimate во верзиите Black Dragon и Gold Dragon, а сега пристигна и нов модел.

Како што е познато, верзијата Gold Dragon е „покриена“ со 24-каратно злато, додека новата има куќиште од 18-каратно злато. Изгледа идентично како и претходниот и тежи околу еден килограм. Цената е 100.000 долари (95.890 евра).

Од Caviar велат дека се работи за уникатен смартфон, кој го нарачал богат клиент од САД, па уредот не се нуди на продажба преку веб-страницата на споменатата компанија.

Моделот од 24-каратно злато беше лансиран со почетна цена од 14.500 долари (13.905 евра), но сега чини 17.340 долари (16.630 евра). Caviar ќе произведе 88 примероци од оваа верзија.

Стандардниот Mate XT Ultimate тежи околу 300 грама и чини најмалку 2.740 долари (2.630 евра). Во моментов се продава само на кинескиот пазар, но меѓународната продажба ќе започне во првиот квартал на 2025 година.