Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеаја дебакл во 16. коло од Премиер Лигата.
„Црвените Ѓаволи“ беа поразени на својот „Олд Трафорд“ од Бурнмаут со резултат од 3:0.
По овој пораз Манчестер Јунајтед остана на шестото место со 27 бодови, додека Борнмаут скокна на 12. место со 19 бодови.
Гостите веќе во петтата минута ги шокираа домашните со голот на Соланка, а тоа беше и конечниот резултат од првото полувреме.
Во 68. минута Билинг го удвои водството на гостите, а само пет минути подоцна Сенези го зголеми резултатот на 3:0.
Борнмаут во самиот финиш на натпреварот го постигна четвртиот гол, но тој беше поништен по проверка на ВАР поради играње со рака.