Тежок удар за Барселона пред Ел Класико: Рафиња сепак нема да игра против Реал

Лошите вести продолжуваат за Барселона пред најголемото дерби во светот, Ел Класико. За потсетување, актуелните шампиони играат против Реал во недела, а според последните информации од Шпанија, Рафинa ќе го пропушти дербито.

Иако шпанските медиуми од четвртокот навестуваа дека Рафиња би можел да учествува во Ел Класико, ситуацијата денес се промени.

28-годишникот почувствува болка и го напушти тренингот на шпанскиот шампион.

Така, каталонскиот тим, покрај отсутните играчи како Тер Штеген, Жоан Гарсија, Гави, Дани Олмо и Левандовски, ќе мора да се oткаже и од Рафиња.

Останува неизвесно дали самиот тренер ќе биде на клупата, со оглед на тоа што беше казнет со еден натпревар суспензија, а жалбата на Барселона беше одбиена во прв степен.