Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид би можел да остане без бразилскиот напаѓач Винисиус повеќе од два месеци поради повреда на бутниот мускул што ја заработи за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Колумбија во четвртокот, пренесуваат медиумите.
„Дијагностицирана му е руптура на феморалниот бицепс на левата нога со зафатена дистална тетива“, објави Реал Мадрид по првичните прегледи по враќањето на Винисиус во клубот.
Винисиус оваа сезона постигна шест гола со четири асистенции за Реал Мадрид во сите натпреварувања.
Реал Мадрид доби и лоши вести од Франција бидејќи играчот за врска Едуардо Камавинга го повреди десното колено на тренингот со репрезентацијата пред натпреварот против Гибралтар, а се уште не е познато колку е сериозна неговата повреда.