Телевизијата ABC, во сопственост на компанијата „Волт Дизни“ , соопшти дека ќе престане да ја емитува емисијата „Џими Кимел во живо“ на неодредено време откако коментарите на доцноноќниот водител за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк предизвикаа остри критики од шефот на Федералната комисија за комуникации.
Претходно, медиумската компанија „Nextar Media Group Inc“ објави дека ќе престане да ја емитува емисијата на своите 32 подружници на ABC, наведувајќи ги коментарите на Кимел како причина, пренесува денес Ројтерс.
„Коментарите на г-дин Кимел за смртта на г-дин Кирк се навредливи и нечувствителни во критичен момент од нашиот национален политички дискурс“, рече претставникот на „Некстар“, Ендру Алфорд.
Претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар, претходно ги повика локалните радиодифузери да престанат да ја емитуваат емисијата на ABC.
Чарли Кирк беше убиен на 10 септември додека држеше говор пред студенти на Универзитетот во Јута.
Осомничениот, Тајлер Робинсон, беше уапсен и обвинет за убиство.